Институтот за социјална политика Мусина Кокалари во Приштина, Центарот за политика на еманципација во Белград и Центарот за критичка и социјална еманципација во Тирана соработуваа за да бидат домаќини на Регионалната конференција за пристојна работа во Западен Балкан во Драч, Албанија на 28-30 септември 2023 година. Конференцијата обедини над 20 организации и експерти од целиот Западен Балкан, претставувајќи различни перспективи и средини.
Најзначајно на конференцијата беше создавањето на колаборативен „Манифест за пристојна работа“. Овој манифест ги прикажува основните принципи и цели што новоформираната регионална коалиција колективно ќе ги следи.
Сите наши земји се соочуваат со истите проблеми: сиромаштија, ниски плати, неквалитетни работни места, несигурна и небезбедна работа и зависност од странски директни инвестиции. Во светлината на овие предизвици, ние сме обединети во нашата посветеност за постигнување пристојна работа за сите во Западен Балкан. Цврсто веруваме дека регионалната соработка и солидарноста се од суштинско значење за ефикасно решавање на овие прашања. Ги повикуваме владите, синдикатите и компаниите кои работат во нашиот регион да ни се придружат во борбата за плати доволни за живот, подобра социјална заштита, одржлив развој и зголемено ниво на работнички права. Земјите од Западен Балкан треба да ја унапредат регионалната соработка, споделувајќи ги најдобрите практики, знаења и ресурси за справување со заедничките работнички предизвици. Регионалната солидарност меѓу работниците, синдикатите и граѓанските организации е клучна за унапредување на пристојната работа во целиот регион.
Линк до Манифестот и организациите кои го потпишаа: www.decentworkbalkans.com
На конференцијата се одржаа панел дискусии за социо-економските промени и промените во трудовото законодавство што се случија во регионот во последните децении, како и интерактивни работилници кои се фокусираа на плата доволна за живот, неплатената работа за нега, здравјето и безбедноста при работа, синдикално организирање, работа на платформа и несигурни форми на вработување. Овие работилници обезбедија платформа за присутните да разменат идеи, стратегии и најдобри практики од целиот регион за промовирање фер и правични работни услови во Западен Балкан.
Овој проект е добитник на наградата EDI Community Choices Award, која е поддржана од германското Федерално Министерство за Надворешни Работи и EFB, соработка чиј домаќин е Мрежата на европски фондации. Содржината на сите документи произведени со спроведувањето на овој проект се оние на примачот на грантот и не мора да ги претставуваат ставовите на GFFO или EFB.
3ти октомври, 2023