НИЕ, долу потпишаните организации:
- Центар за политике еманципације, Србија
- Институт за социјалну политику ‘Мусине Kокалари’, Kосово
- Институт за критику и друштвену еманципацију, Албанија
- Центар за женска права, Црна Гора
- Фронт слободе, Босна и Херцеговина
- Отворена порта, Северна Македонија
- Центар за достојанствен рад, Србија
- Kосовска иницијатива за стабилност, Kосово
- Центар родна алијанса за развој, Албанија
- Удружење заштите на раду, Црна Гора
- Црвена – Удружење за културу и умјетност, Босна и Херцеговина
- Роза – Удружење за радна права жена, Србија
- Центар за политике и заговарање, Kосово
- Инвестиција у друштвени развој, Албанија
- Савез за ђецу и младе – Kућа, Црна Гора
- Зора – Удружење за социјални, културни и креативни развој, Босна и Херцеговина
- А11 – Иницијатива за економска и социјална права, Србија
- Ленс, Kосово
- Центар за радна права, Албанија
- Заједно за живот, Албанија
Потврдувајќи ја нашата целосна поддршка на силна регионална соработка и целосна интеграција на нашите земји и народи;
Имајќи предвид дека слободата на нарoдите да комуницираат и да се поврзуваат се нужен предуслов за развој и благосостојба;
Нагласувајќи го значењето на мирот и просперитетот за нашиот регион;
Истакнувајќи ја итноста нашиот регион да стане дел од Европската Унија;
Разбирајќи ги принципите и вредностите на кои ЕУ e изградена како водечки принципи на нашите општества;
Придржувајќи се на принципите на слобода, еднаквост, просперитет и солидарност со нашите општества и граѓаните и граѓанките;
Инсистирајќи на тоа нашите напори и енергија треба да бидат насочени кон изградба на подобра иднина;
Укажувајќи на значењето на функционални демократски општества основани врз владеењето на правото, еднаквиот третман кон сите и социјалната правда;
Силно бараме од нашите влади, регионални тела и надлежните ЕУ институции да ги вклучат работничките и социјалните права во рамките на економската интеграција, посебно во рамките на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) на земјите од Западен Балкан. Како загрижени граѓани и граѓанки борци за човекови права и социјална правда, веруваме дека вклучувањето на овие клучни аспекти во рамките на ЗРП, не e само морален императив туку и клучна основа за изградба на долгорочен просперитет и стабилност во регионот.
Конкретно бараме од нашите влади да:
- Воспостават работна група или комитет посветен на интеграцијата на работничките и социјалните права во рамки на ЗРП.
- Соработуваат со релевантите актери, вклучително и синдикатите, организациите на граѓанското општество, како и стручните лица во доменот на работничките права и социјалната политика, за да развијат севкупни мерки и стратегии на овој план.
- Да обезбедат земјите од Западен Балкан да ја усогласат својата легислатива со меѓународните стандарди кога се во прашање работничките и социјалните права, како оние кои ги дефинираат Европската социјална повелба, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Обединетите нации.
- Редовно да го следат и оценуваат напредокот на нашите земји во спроведувањето на овие права и обезбедуваат поддршка таму каде што таа е потребна.
Работничките права се основни човекови права кои треба да се поддржат и заштитат во сите држави кои се вклучени во Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан. Вклучувајќи ги работничките права во оваа рамка, врз основа на меѓународните стандарди на достоинствена работа, можеме да осигураме чесни и праведни услови на работа за сите поединци и поединки, без разлика на нивниот работен статус. Ова, помеѓу останатото, вклучува и право на безбедно и здраво работно опкружување, плата за живот, еднакви можности и слобода на организирање и колективно преговарање. Обезбедувањето на овие права нема да им користи само на работниците и работничките, туку и ќе придонесе и во економскиот раст, социјалната кохезија и општата благосостојба на граѓаните и граѓанките во нашиот регион.
Социјалните права опфаќаат ширoк спектар на суштински права, вклучувајќи и пристап до здравствена заштита, образование, домување и социјална сигурност. Со признавање и давање на приоритет на социјалните права, можеме да ги решаваме горливите прашања на сиромаштијата, нееднаквоста, социјалните исклучености и напуштањето на луѓето на нашиот регион. Тоа возвратно ќе ја поттикне општествената кохезија и ќе помогне во изградба на мостови помеѓу нашите граѓани и граѓанки. Вклучувањето на социјалните права во оваа рамка исто така ќе придонесе во развојот на поинклузивно и поправедно општество, поттикнувајќи ги стабилноста и напредокот за сите. Со ова би го запреле натпреварот во намалувањето на цените на трудот помеѓу нашите земји, кој го сведочиме и кој доведува до аларматнен факт дека во некои трудово интензивни сектори во регионот, платите се пониски од некои многу посиромашни делови во светот, сето ова изразено во куповната моќ на работниците и работничките. Етикетата “Made in Europe” не треба да служи за прикривање на неправедните услови на работа за кои сведочиме во сите наши општества.
Превземајќи ги наведените чекори, можеме да покажеме посветеност кон благосостојбата и достоинството на граѓаните и граѓанkите и да дадеме позитивен пример за одговорност. Искрено се надеваме дека Заедничкиот регионален пазар ќе ја искористи оваа шанса во своите рамки да им даде приоритет на рабоничките и социјалните права и со тоа да создаде поправедна и попросперитетна иднина за сите.
10 Окмтомрви 2023 година